Насилни протести на приврзаниците на Бериша, полицијата употреби солзавец и водени топови

од Берта Китинска
276 прегледи

Полицијата во Тирана за да ги смири двете спротиставени страни во опозициската Демократска партија употреби солзавец и водени топови . Протестот, кој беше најавен за мирен, го организираше поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша.

На партиската зграда се искршени прозорци и врати, а предизвикана е и голема материјална штета, поради што полицијата беше принудена да го опколи објектот со жолта лента, бидејќи, како што соопшти, зоната се смета за криминално сценарио.

Има повредени демонстранти, но и поголем број приведени, а главната обвинителка Елизабета Имерај рече дека секоја ситуација ќе се следи и дека одговорните ќе одговараат пред законот.

Бериша, кој е поддржан и од актуелни пратеници – демократи, најави уште помасовни протести, а го обвини и актуелниот премиер Еди Рама, кој како што кажа се обидува да го спаси актуелниот лидер на партијата Љуљзим Баша.

https://www.youtube.com/watch?v=FiG89MactAQ&feature=emb_title