PayPal работи на своја криптовалута

од Vladimir Zorba
247 прегледи

PayPal е една од компаниите кои активно учествуваа во она што можеме да го наречеме „криптореволуција“ во последните година и пол.

Сега е откриено дека планираат нов голем чекор напред.

PayPal Holdings го истражува лансирањето на сопствена „стабилна монета“ како дел од своето лансирање на криптовалути, соопшти компанијата, која го потврди развојот откако докази за намерата беа откриени во нејзината апликација за iPhone, пренесе „Tportal“.

– Истражуваме „стејблкоин“, доколку и кога ќе се обидеме да започнеме со реализација, се разбира, ќе соработуваме тесно со релевантните регулатори, изјави Хозе Фернандез да Понте, виш потпретседател за крипто и дигитални валути во PayPal.

Стабилните монети се криптовалути кои имаат потпора и цени според вредноста на постоечката валута или стока.

Во последниве месеци, PayPal започна големи напори за криптовалути, лансирајќи нови можности за купување и чување на дигитални монети, како и можност за плаќање.