ССМ: Ресорот труд и социјална политика да го води човек кој знае како се води социјалниот дијалог

од Берта Китинска
204 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара од мандатарот Димитар Ковачевски Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да го води човек кој, како што велат, знае како да ги реши проблемите на работниците и укажува дека е време работниците да добијат министер, синдикалец од нивните редови „кој знае како се води социјалниот дијалог“.

-Деновиве слушаме дека за Министерството за труд и социјална политика се водат „битки” со одредени коалициски партнери во владејачкото мнозинство. Сојузот на синдикатите на Македонија најодговорно тврди дека ресорот труд и социјала треба да го води човек кој знае како да ги реши проблемите на работниците – важна е компетенцијата, а исто така важно е да ги познава процесите кои се водат за донесување на нов Закон за работните односи, нов Закон за безбедност и здравје при работа, нов Закон за мобинг и сл., за да не се случи овие процеси кои се водат веќе и по три години да започнат одново и да траат премногу долго, а на штета на работниците, велат од ССМ.

На мандатарот за нова Влада, додаваат, му укажуваме дека доколку се избере таков човек, ние синдикатите ќе знаеме дека оваа Влада и сите нови влади што следат им мислат добро на работниците.

-Потсетуваме дека во изминатиот период работодавачите имаа министер во владите од своите редови преку коморите, па редно време е работниците да добијат министер, синдикалец од нивните редови, потенцираат од ССМ.

Слични содржини