Арсовска тврди дека се доцни пет месеци со преземање на мерки за енергетската криза

од Nikola Popovski
274 прегледи

Пет месеци се доцни за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата, смета градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, којашто денеска ја коментираше вчерашната изјава на мандатарот за Влада, Димитар Ковачевски, дека обврска на Градот е решавање на енергетската криза во Скопје.

„Би сакала да ја прокоментирам и изјавата на новиот мандатар дека Владата нема да дозволи Скопје да остане без парно. Би ја поздравила оваа изјава на мандатарот и сакам да го посетам дека обврската за ова е на Владата, дека БЕГ има добиено концесија од Владата, а не од Градот и секако тоа е обврска и одговорност на Владата. Воедно се доцни веќе пет месеци за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата. Несериозно е префрлање на одговорноста на институции што немаат ниту средства, ниту одговорност за хаосот настанат во енергетиката. Оваа Влада има, исто така, обврска кон општините и граѓаните, особено бидејќи тие се оставени без средства и задолжени се до максимум“, смета Арсовска.

Според неа какви било конструкции и приказни за тоа дека некој ги спасува граѓаните во услови кои има енергетска криза е крајно несериозно, бидејќи тоа секако беше одговорност на Владата уште од почетокот на оваа криза минатата година.

Слични содржини