СВР Штип фати четворица крадци од Струмица и Штип кои изминатиот период ги краделе оловните плочи од покривната конструкција на уметничката галерија „Безистен“.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова информира дека по преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Штип од слобода се лишени А.А.и Ќ.А. на возраст од 32 и 37 години, двајцата од Струмица, како и С.Н и Д.А. на 26 и 28 години, двајцата од Штип, осомничени дека се извршители на четири кривични дела „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.
– Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.