Белата куќа соопшти дека е „прерано“ да се знае дали Русија е сериозна за решавање на безбедносните тензии во и околу Украина.
По разговорите со американските дипломати во Женева и идните преговори во Брисел, „прерано е да се каже дали Русите се сериозни за патот кон дипломатијата или не“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пренесе „France 24“.
Псаки рече дека останува да се види „дали се подготвени сериозно да преговараат – „ние сме“ – или дали ќе ги искористат разговорите како изговор дека „дипломатијата не функционира“.
Следната рунда преговори меѓу НАТО и Русија ќе се одржи во среда, а третата седница на регионалното безбедносно тело ОБСЕ-Русија е закажана за в четврток.
Вашингтон и неговите европски сојузници вршат притисок врз Русија да ги повлече силите од границата со Украина, додека Москва го притиска Западот да се согласи на долга листа на, како што вели Кремљ, безбедносни гаранции.