Соединетите Американски Држави (САД) денеска забележаа најголем број хоспитализации поради коронавирус, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека речиси 146.000 лица се во болниците низ земјата.
Од тој број, околу 24.000 луѓе се на одделенијата за интензивна нега.
Претходно, најголем број хоспитализирани – 142.000, е забележан на 14 јануари 2021 година.
„Постои 17 пати поголем ризик од хоспитализација и 20 пати поголем ризик од смрт ако не сте вакцинирани, отколку ако сте биле вакцинирани“, повтори денеска водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи.
Експертите наведуваат дека во просек дневно се хоспитализирани околу 18.500 лица.
Оттаму додаваат дека се случува пациентот да биде во болница поради други здравствени причини, а дека во меѓувреме излегува дека е заразен при тестот за коронавирус.