Малолетник извршил тешка кражба во ГТЦ

од Nikola Popovski
250 прегледи

Синоќа околу 21.00 часот полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје поради тоа што претходно во продавница во ГТЦ сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Во координација со јавен обвинител бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и бранител.

По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.

Слични содржини