Во немирите во Казахстан загинаа вкупно 225 лица

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Насилните немири во Казахстан, кои започнаа со мирни протести против поскапувањето на енергенсите, однесоа 225 животи, соопштија денеска властите, што е драматично зголемување во споредба со претходните официјални биланси.

„За време на вонредната состојба, телата на 225 лица беа однесени во мртовечница, од кои 19 се припадници на полицијата и војската“, изјави на прес-конференција Серик Шалабаев, кој води кривична истрага во обвинителството.

Останатите се тела на „вооружени разбојници кои учествуваа во терористички напади“, рече тој.

Казахстан претходно објави за помалку од 50 загинати – 26 демонстранти и 18 припадници на безбедносните сили.

Портпаролката на Министерството за здравство Асел Артакшинова изјави дека се хоспитализирани над 2.600 лица, од кои 67 се во тешка состојба.

Казахстанските власти ги обвинија „бандите и меѓународните терористи“ за насилството, за кои велат дека ги презеле протестите.

Мировните сили испратени од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), кои интервенираа, почнаа постепено да се повлекуваат од четвртокот.

Слични содржини