289
„Мајкрософт“ објави во блог пост дека забележал деструктивен малициозен софтвер во системите на неколку украински владини агенции и организации кои тесно соработуваат со владата во Киев, објави Ројтерс.
Меѓу жртвите на малициозниот софтвер се и украинските владини агенции, кои вршат клучни функции во извршната власт и во областа на справување со итни случаи, соопшти „Мајкрософт“.
Погодена е и компанија за информатичка технологија која одржува сајтови на јавни и приватни клиенти, вклучително и владини агенции чии сајтови беа погодени од голем сајбер напад овие денови.
„Мајкрософт“ не го откри името на компанијата.