Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја, поточно регионот Бугенвил.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 408 километри, на 74 километри западно од Пангун во Папуа Нова Гвинеја.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални човечки жртви.