Австрија почнува да применува државни стимулации во обид да го зголеми бројот на имунизирани лица против КОВИД во земјата и да ја зголеми поддршката за задолжителната вакцинација, пишува Блумберг.
Државата пушта лотарија за вакцинираните. Победниците ќе добијат по 500 евра, кои ќе можат да ги користат за хотели, ресторани и други услуги, вели канцеларот Карл Нехамер. Секоја десетта вакцина ќе носи награда, додаде тој.
Грантовите ќе добијат и општините кога ќе достигнат одредени нивоа на вакцинација – 80, 85 и 90 проценти. Досега 72 отсто од Австријците се вакцинирани.
Вкупната цена на програмата може да достигне 1,4 милијарди евра.
Австрија ќе започне со изрекување казни за оние кои не биле вакцинирани кон средината на март, рече тој пред денови. Висината на казната може да достигне 3.600 евра.
Од средината на март, невакцинираните ќе почнат да добиваат писмени опомени, почнувајќи со глоба од 600 евра. Тие можат да бидат откажани доколку лицето се вакцинира во рок од две недели од нивното барање.