Директорот на Фајзер награден со МИЛИОН ДОЛАРИ за развојот на вакцината, парите ќе ги донира

од Nikola Popovski
328 прегледи

Претседателот и извршен директор на глобалниот фармацевтски гигант Фајзер Алберт Бурла, доби награда за неговите „напори во водењето на развојот на вакцината против коронавирус“ во вредност од еден милион долари.

Наградата се доделува секоја година за професионални достигнувања и придонес за човештвото, а ја доделува фондацијата „Генезис“.

Фондацијата „Генесис Прајз“ објави дека Бурла добил најголем број гласови во онлајн кампањата во која учествувале околу 200.000 луѓе во 71 земја.

Во образложението зошто е награден е нагласено неговото „лидерство, решителност и особено неговата волја да се соочи со ризиците во развојот на вакцината, во рекордно време“.

Ја наведуваат и одлуката на Фајзер да го одбие финансирањето на американската влада на почетокот на пандемијата, одлука што многумина веруваат дека и помогнала на компанијата да ја намали бирократијата и да го забрза развојот на вакцините.

Како е поврзано еврејското потекло на Бурла?

Освен горенаведените вредности, оваа Фондација ги пропагира и еврејските вредности, а тоа што Албер Бурла ја добил наградата најверојатно е последица на тоа што има еврејско потекло.

Како што се наведува во објаснувањето, Бурла има две основни еврејски вредности – посветеност на светоста на животот и правење на светот подобар. Исто така, беше истакнато дека милиони луѓе преживеале поради вакцината Фајзер.

Бурла изјави дека наградата ја добил во име на сите кои работеле на развојот на вакцината во Фајзер. Парите ќе бидат донирани на еврејската заедница во Солун, каде што е роден, во спомен на неговите родители, животните вредности и заедницата која е одговорна за неговото сеќавање на холокаустот во Грција.

Оваа награда претходно ја добија режисерот Стивен Спилберг, оскаровката Натали Портман и поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг.

Слични содржини