Цените на криптовалутите драстично паднаа во последните 24 часа.
Биткоинот падна за повеќе од 7,0 отсто и се тргуваше за 38,5774 долари во 23:19 часот по источно време, според податоците од платформата CoinDesk.
Ethereum, втората најголема криптовалута по пазарна капитализација, потона за 8,0 отсто на 2.860 долари, паѓајќи на едвај 2.809,51 долари во еден момент за време на тргувањето, пренесе CNBC.
Околу 147 милијарди долари се избришани од целиот пазар на криптовалути во последните 24 часа, според порталот CoinMarketCap.
Падот на криптовалутите следи по падот на цените на акциите на Волстрит во четвртокот. Технолошкиот индекс Nasdaq изгуби речиси 5% од својата вредност од почетокот на неделата, а генералниот индекс S&P 500 ја бележи третата последователна недела на загуби.