234
Град Скопје формира 24 часовна служба за брза реакција на повик на граѓаните.
Од страна на Градот назначени се одговорни лица кои секторски ќе одговараат на барањата на граѓаните, а дополнително се екипира и служба за брзи реакции составена од претставници од сите јавни претпријатија во надлежност на градот, кои ќе делуваат со цел брзо и ефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, соопштија оттаму.