Стоилковски: Демократски сојуз да каже дали цела катна гаража функционирала на грбот на граѓаните (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
261 прегледи

„Демократскиот сојуз треба да каже дали е точно дека цела една катна гаража функционирала на грбот на граѓаните за да може функционери од СДСМ, ДУИ, Демократскиот сојуз и останатите од власта и нивни семејства да паркираат бесплатно приватни возила?“, прашува денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Демократскиот сојуз треба да признаат дали имале притисоци од СДСМ и од коалициските парнтери за да нивни функционери да паркираат бесплатно било каде во Скопје или сето тоабило врз база на трговија со влијанија? Без прецизен одговор, Демократскиот сојуз продолжува да биде привезок на власта и заштитник на криминалот и корупцијата на штета на граѓаните.

Паркингот поскапе за сите, за да може функционери од партиите на власт да паркираат бесплатно каде ќе стигнат во Скопје. Демократскиот сојуз е дел од власта за да обезбедува бенефиции за себе и за функционери од СДСМ и ДУИ врз грбот на граѓаните“, истакна Стоилковски.

Слични содржини