Десетгодишно девојче преживеало ноќ во силна снежна бура во Русија гушкајќи го кучето, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на руската државна телевизија и локалните медиуми.
Девојчето, чие име не се соопштува, минатата недела го напуштило училиштето во градот Углегорск, но не се вратило дома. Градот се наоѓа на западниот руски остров Сахалин, кој е покриен со силен снег и ветрови кои достигнуваа брзина и до 80 километри на час.
Властите и локалното население го барале девојчето во текот на ноќта откако било исчезнато.
Тие се фокусирале на куќичките со домашни миленици бидејќи мештаните пријавиле дека виделе девојче како си игра со куче ноќта пред да исчезне. Родителите на девојчето и кажале на полицијата колку таа сака да си игра со домашни миленици.
Волонтер го нашол девојчето следното утро, како седи со куче во неговата куќичка на отворено и го гушка за да се стопли, јавува руската државна телевизија.
Девојчето било пренесено во болница и било констатирано дека е здраво, се вели во извештајот.