Запленети повеќе од еден тон дрога (ВИДЕО)

од Milan1
307 прегледи

Британската морнарица вчера заплени повеќе од еден тон дрога во Оманскиот Залив, чија вкупна вредност се проценува на 20,3 милиони долари, соопшти британското Министерство за одбрана.

Ова е најголемата заплена од минатата година, кога во Арапското Море беа запленети 2,4 тони недозволени материи, јавуваат британските медиуми.

„Во операцијата, која траеше речиси 10 часа, припадниците на морнарицата запленија 663 килограми хероин, 87 килограми метамфетамин и 291 килограм хашиш и марихуана”, соопшти британското Министерство на својата официјална веб-страница.

Акцијата за заплена на дрога е извршена со помош на бродот „ХМС Монтроуз“, кој ја надгледува областа на Оманскиот Залив од 2019 година.

Слични содржини