Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје.
-Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје.Градскиот еко совет ќе има цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина.
На Советот ќе се креираат идеи, предлози и политики за прашања и работи кои потекнуваат од самите членови на телото, другите организации и институции, како и од самите граѓани. Притоа, прашањата кои ќе се третираат како и понудените решенија, треба да бидат реални и остварливи, а истите ќе бидат реализирани од релевантните Сектори во Градот Скопје, соопштија од Градот.