Бугарски политичар: Учеството во војна против Русија би било катастрофа за Софија

од Nikola Popovski
328 прегледи

Учеството во воен конфликт против Русија би било катастрофа за Бугарија, изјави секретарот на Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија, Антон Кутев во светло на извештаите за растечките тензии околу Украина.

-Не треба да се очекува Бугарија да се однесува на ист начин како Полска и балтичките земји кога станува збор за актуелната тензија во ситуацијата со Украина, рече тој во врска со намерата на НАТО да распореди дополнителни сили во тие земји.

-Мислам дека нашите европски партнери, дури и оние од НАТО, треба да го разберат тоа. Историјата на Бугарија значително се разликува од историјата на Полска, Литванија и Латвија. Ние имаме сосема поинаков однос кон Русија во тој поглед, бидејќи нејзината улога беше сосема друга во историјата на тие земји, а кај нас е сосема поинаква, изјави Кутев за бугарска Нова ТВ.

Тој ги коментираше и критиките на владата дека јавноста добила вести за намерата за распоредување ловци и бродови на НАТО во Бугарија од самата Алијанса, а не од властите. За потсетување, неодамна беше објавено дека Холандија и Шпанија ќе испратат ловци и воени бродови во Бугарија.

-Земјата е во тешка позиција во сегашната ситуација, имајќи ги предвид односите со Москва и членството во НАТО, рече Кутев.

Огромен дел од бугарскиот народ се русофили, а кога политиката и геополитиката ќе ја стават земјата во позиција против Русија, бидејќи, како што вели, токму тоа се случува сега, Бугарите нема да можат да го прифатат, нагласи политичарот.

Слични содржини