205
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го повтори ставот на Москва дека Русија ќе преземе соодветни мерки доколку не добие конструктивен одговор од САД и НАТО околу барањата да добие безбедносни гаранции.
„Москва нема да дозволи прашањата за Украина и бараните безбедносни гаранции од страна на Русија да бидат предмет на бескрајни дискусии, во кои ќе бидат вклучени Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) или Европската Унија“, изјави Лавров во својот говор пред Долниот дом на рускиот Парламент.
Русија очекува оваа недела Вашингтон писмено да одговори на нејзините предлози за безбедносни гаранции.