Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нема намера да поднесе оставка поради низа настани што се случија во канцеларијата и резиденцијата на Даунинг стрит за време на „локдаунот“.
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Кир Стармер, го обвини Џонсон дека ја променил приказната во врска со митинзите и дека на тој начин го довел во заблуда парламентот, пренесува Ројтерс.
На прашањето дали ќе поднесе оставка како премиер, Џонсон одговори: „Не“.
„Не го негирам тоа и поради различни причини многу луѓе сакаат да ме отстранат, но причината зошто Стармер сака да се повлечам е тоа што знае дека на оваа влада може да и се верува“, рече Џонсон и додаде дека тој продолжува со својата работа, пренесува Танјуг.
Британската полиција вчера објави дека ги истражува наводите за низа настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето, а по добиените докази од внатрешната владина истрага.
Кабинетот на Џонсон негираше дека била организирана забава и изјави дека група вработени кои тој ден биле во резиденцијата на премиерот накратко се собрале во кабинетот по состанокот за да му го честитаат роденденот на премиерот.