Робот-хирург сам оперирал свиња: Следен чекор е човек?

од Nikola Popovski
362 прегледи

Со години медицината ги усовршува хируршките процедури користејќи роботи во операционата сала. Американските научници сега наведуваат дека нивниот робот успешно извршил операција на меките ткива на свињи сосема сам, без човечка рака.

Згора на тоа, робот-хирург дал „значително подобри“ резултати од луѓето. Ова е пробив што претставува значаен чекор кон целосно автоматизирана хируршка процедура.

Автономниот робот Smart Tissue (Star) изврши лапароскопска операција за поврзување на двата краја на цревата кај четири свињи. Според написот објавен во Science Robotics, роботот се истакнал во процедура која бара високо ниво на прецизност и голем број повторувачки движења.

Аксел Кригер од Универзитетот Џон Хопкинс изјави дека ова е прв пат робот да изврши лапароскопска операција без човечка помош.

Кригер, асистент професор на Универзитетот Џон Хопкинс, помогна да се создаде роботот дизајниран специјално за шиење меки ткива. Ова е подобрена верзија на моделот од 2016 година, која може да шие и меки ткива, но резот за пристап до цревата мораше да биде многу поголем и роботот мораше да добие повеќе насоки од луѓето.

Истражувачите од Универзитетот Џон Хопкинс соопштиле дека роботот ја извршувал операцијата главно сам и дека овие тестови може да доведат до поширока употреба на роботот за операции на луѓе, пренесува Kliks.ba.

Слични содржини