Северна Кореја лансираше балистичка ракета со среден дострел (IRBM) во неделата наутро по локално време, која се смета за најголема тестирана ракета од ноември 2017 година, соопшти јужнокорејскиот Национален совет за безбедност, пишува Би-би-си.
Лансирањето се случи во 7:52 часот по локално време во близина на источниот брег на Северна Кореја.
Јапонија, Јужна Кореја и САД го осудија најновото лансирање на севернокорејска ракета, седми тест овој месец.
Соединетите Американски Држави го повикаа Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни дестабилизирачки акти и да се вклучи во дијалог, соопшти во неделата Индо-пацифичката команда на американската војска.
Во соопштението на Советот за национална безбедност на Јужна Кореја се вели дека тестот не претставува непосредна закана за територијата на САД или за сојузниците.
Претседателот Џае-Ин рече дека верува оти Северна Кореја направила чекор поблиску до откажување од самонаметнатиот мораториум за тестирање на ракети од втор дострел и ја повика Северна Кореја да престане да создава тензии и да се врати на преговорите.
ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистичко и нуклеарно оружје. Земјата изврши неколку нуклеарни проби во 2017 година, а неколку проектили ја прелетаа Јапонија, пренесе „Јутарњи лист“.