Балканци печат прасе на протестите во Канада: Нереални сцени од Отава (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
571 прегледи

Илјадници луѓе учествуваа на протестот во канадската престолнина против воведените ковид-мерки од страна на Владата на премиерот Џастин Трудо и се собраа на улиците и на тревникот пред парламентот, јавува Ројтерс.

Таканаречениот „конвој на слободата“ започна како протест на возачите на камиони против задолжителната вакцинација на возачите кои патуваат во странство, но се претвори во демонстрација против владата, за која веруваат дека ги надминала нејзините овластувања за време на пандемијата, со силното антиваксерско крило. Меѓу насобраните имало и камионџии по потекло од Србија, кои на протестот печеле прасе.

– Ладно е, но прасето е готово, ќе останеме овде колку што треба, велат камионџиите со потекло од балканскиот регион.

Некои незадоволни граѓани ги споредија ковид-ограничувањата со фашизам, носејќи нацистички симболи на канадските државни знамиња. Еден камион го носел знамето на Конфедерацијата, додека многумина носеле транспаренти со пцовки упатени до канадскиот премиер Џастин Трудо.

Слични содржини