329
Мислам дека Бугарија ќе го крене ветото, но не од уверување, туку поради алибито дека тој пат кон ЕУ трае 15 години и треба да се отворат 27 поглавја, смета пратеничката и поранешна кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова за Дневникот на ТВ Сител
Според неа, тоа е новата методологија.
-Колку кластери ќе отвориме, толку пати секој кој не е задоволен од нас од надвор, да ни постави услови, оценува пратеничката.
Силјановска-Давкова додава дека политиката не е музика.
-Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.