Израелски воени авиони рано утринава извршиле ракетен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск, што предизвикало реакција на а сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала проектилите и соборила дел од нив.
Израелскиот непријател почна воздушна агресија со серија проектили, истрелани источно од Бејрут, со кои се гаѓаа некои точки во близина на Дамаск, соопшти сириската државна агенција, повикувајќи се на воен извор.
Изворот потврдува дека во нападот е причинета материјална штета, не соопштувајќи повеќе детали. Израелските власти не ги коментираа наводите на сирската армија.