Во различни акции уапсени 4 лица, кај нив пронајдена дрога

од Milan1
324 прегледи

„Вчера околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Н.(34) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Исто така вчера во 21.50 часот на подрачјето на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода П.Р.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 30.01.2022 во 16.20 часот на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода бил лишен М.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На 30.01.2022 во 21.50 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода бил лишен Б.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

 

Слични содржини