Родители ја убиле својата петгодишна ќерка и ја фрлиле во ѓубре затоа што била силувана од странец

од Milan1
280 прегледи

Петгодишното девојче кое било киднапирано и силувано од странец, наводно било убиено од нејзините родители, вршејќи го таканареченото „убиство поради чест“.

Телото на несреќното дете било пронајдено во контејнер за ѓубре во Манбиџ во северна Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека безбедносните сили уапсиле неколку членови на семејството на девојчето, вклучително и родители кои негирале дека го убиле нивното дете.

Девојчето било киднапирано од непознат силувач на мотор додека одела да му помогне на својот татко во овоштарникот. По извршеното пребарување, девојчето било пронајдено на патот меѓу двете села.

„Убиствата од чест“ се честа појава во Сирија. Во јули минатата година, 18-годишна девојка беше убиена од нејзиниот татко, брат и нејзиното племе затоа што се обидела да побегне со својот љубовник и затоа што одбила да се омажи за братучед. Пред да ја застрелаат во празна колиба, девојката била тепана со денови.

Набргу по нејзиното убиство, на социјалните мрежи се појави видео од 16-годишно девојче кое го убил нејзиниот татко затоа што ја силувал роднина.

Слични содржини