Борис Џонсон: Ќе му кажам на Путин да не ја преминува границата

од Milan1
260 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска најави дека ќе му каже на рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите подоцна да не ја преминува границата во врска со Украина.

„Мислам дека сите треба да се повлечеме од работ и мислам дека Русија треба да го стори истото“, им рече Џонсон на новинарите.

Генералниот секретар на британското Министерство за финансии, Сајмон Кларк, претходно денеска изјави дека Велика Британија ќе ги санкционира компаниите и луѓето кои имаат најблиски врски со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, доколку Русија преземе каква било акција против Украина.

Британскиот премиер Борис Џонсон планира денеска телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во врска со Украина, изјави портпаролот на кабинетот на премиерот.

Џонсон утре ќе отпатува за Украина, каде ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски, пренесува Тас с.

Слични содржини