Излевањето нафта од оштетениот нафтовод во еквадорска Амазонија загади заштитено природно подрачје и река која снабдува со вода неколку села во североисточниот регион на Еквадор.
– Погодената област е во националниот парк Кајамбе-Кока и, според зонирањето, нафтата се излеа во заштитеното подрачје, се вели во соопштението на Министерството за животна средина. Околу 21.000 квадратни километри од резерватот Кајамбе-Кока се загадени со нафта.
Нафтата се излеа и во Кока, голема река во регионот на Амазонија што се влева во Рио Напо, додаде Министерството. Овие две реки снабдуваат со вода многу заедници, вклучително и домородните.
До денес, ниту Владата, ниту приватната компанија OCP (Oleoducto de Crudos Pesados), која управува со гасоводот, не соопштија колку нафта се излеала во природата.