Австралискиот премиер: Владата беше премногу оптимистичка за влијанието на вакцинацијата против коронавирусот

од Milan1
261 прегледи

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска се соочи со критики за неговото лидерство, изјавувајќи дека неговата влада била премногу оптимистичка за влијанието на вакцинацијата против коронавирус, што резултираше со разочарување и исцрпеност кога варијантата омикрон се прошири низ целата земја.

Поддршката за Морисон е падната на најниско ниво во последните две години, со пад на довербата на јавноста нарушена со недостигот на брзи антигенски тестови, со бројка на заразени со омикрон од над милион во текот на летото, а изборите се закажани за четири месеци.

Во обраќањето до Националниот прес-клуб во Канбера, Морисон кажа дека ќе ги прифати критиките што му доаѓаат за лидерската позиција.

-Не направив сè како што треба, рече тој.

Морисон во говорот призна дека неговиот фокус бил на постигнување рамнотежа меѓу здравствените совети и економијата, а омикрон ги променил правилата, ги нарушил синџирите на снабдување и предизвикал недостиг на тестови.

На почетокот на јануари, Морисон кажа дека неговата влада усвоила пристап на како што вели соживот со пандемијата наместо повторно да воведе мерки за затворање.

-Како што влеговме во летото, можеби бевме премногу оптимисти, рече тој, додавајќи дека тоа ја зголеми фрустрацијата кај луѓето кога вакцинацијата не го спречи ширењето на омикрон.

Стапката на смртност поврзана со коронавирус во Австралија е меѓу најниските во светот. Земјата има висока стапка на вакцинација и покрај подоцнежниот почеток на вакцинацијата.

Слични содржини