Наследниците на СФРЈ ги продаваат зградите на Тито во Њујорк и Берн!

од Milan1
394 прегледи

Наследниците на СФРЈ влегуваат во продажба на два објекти кои ги користеше поранешната заедничка држава во Њујорк и Берн. Имотот во најголемиот град во САД, кој служеше како постојана мисија во ОН, ќе се продава за дури 50 милиони долари, бидејќи ниту една држава наследничка Југославија не е заинтересирана да го купи.

Зградата на поранешната резиденција и амбасада на СФРЈ во Берн, Србија ќе ја купи за 7,7 милиони швајцарски франци.

Зелено светло за реализација на ова даде Советот на министри на БиХ, кој донесе Одлука за заедничка продажба на споменатите објекти.

– Мешовитиот комитет за распределба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ ја прифати купопродажната цена во износ од 50 милиони американски долари, што е највисока понуда, имајќи предвид дека последната понудена цена беше 42,5 милиони американски долари, а вредноста од имотот претходно се проценува на 30 милиони американски долари, соопшти Министерскиот совет и прецизираше дека учеството на БиХ е 15 отсто од вкупната сума, односно 7,5 милиони американски долари.

На ист начин ќе се распределат и евентуалните трошоци кои ќе настанат при продажба на недвижен имот во процесот на заедничка продажба на Постојаната мисија на поранешна СФРЈ во ОН во Њујорк.

На предлог на Министерството за надворешни работи, Советот на министри донесе одлука за одобрување за заедничка продажба на зградата на амбасадата, резиденцијата на поранешна СФРЈ во Берн. Во соопштението се потсетува дека претходно Мешовитиот комитет за распределба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ ја прифати купопродажната цена на Србија во вкупен износ од 7,78 милиони швајцарски франци.

– Бидејќи Србија е еден од петте косопственици на овој имот, 4.706.900 швајцарски франци претставува купување на косопственички акции од останатите четири земји – БиХ, Хрватска, Македонија и Словенија, се наведува во соопштението.

Слични содржини