Во различни акции уапсени пет лица, кај сите нив пронајдена дрога

од Milan1
344 прегледи

„Вчера во 19.55 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ј.Д.(28) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера во 22.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(20) и Д.Ѓ.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.

На 31.01.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 14.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја“, информираат од МВР.

Слични содржини