„Уапсена“ кокошка, се обидела да влезе во Пентагон (ФОТО)

од Nikola Popovski
228 прегледи

Една кокошка е „уапсена“ откако се шетала и клукала во заштитениот простор на Пентагон, една од најзаштитените згради во светот, соопшти денеска организацијата за права на животните.

Вработените во организацијата Лига за благосостојба на животните во Арлингтон биле повикани да ја земат кокошката во понеделникот и да ја вратат во кокошарник.

За обидот за „упад на кокошката“ во Пентагон пишуваше и „Military Times“.

Весникот на шега праша дали кокошката едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или всушност е шпион во мисија да украде некои државни тајни.

Корисниците на Интернет предложија кокошката да се вика Етел Розенберг, позната Американка уапсена и егзекутирана поради шпионирање за Советскиот Сојуз во 1950-тите.

Слични содржини