Соединетите Држави со поддршка на Велика Британија и Франција побараа Советот за безбедност на ОН да се состане зад затворени врати во четврток поради лансирањето на балистичка ракета со среден дострел од Северна Кореја, објавија денеска дипломатите.
Северна Кореја во понеделникот потврди дека ја тестирала балистичката ракета со среден дострел Хвасонг-12 и ова е првпат од 2017 година да тестира ракета што има капацитет да носи нуклеарна боева глава, објави Ројтерс.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го осуди последното лансирање на балистичка ракета од среден дострел од страна на Северна Кореја и го повика Пјонгјанг „да се воздржи од преземање какви било дополнителни контрапродуктивни дејствија“, изјави портпаролот на ОН.
Кина и Русија спречија обид на САД да воведат санкции на ОН за петмина севернокорејски граѓани на седницата на Советот за безбедност минатиот месец, изјавија дипломати од Пекинг, објаснувајќи дека на Кина и треба повеќе време да го проучи предлогот за санкции на САД, пренесува Ројтерс.