Промотивно во НЛБ Банка: Во месец февруари, сите кредити за физички лица без трошоци

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Во текот на месец февруари, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања која се однесува на кредитите за физички лица.

Имено, до крајот на месецот во НЛБ клиентите добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата и да аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот.

Поконкретно, потрошувачките кредити и мКлик/е-банк кредитите за физички лица се достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекраните кредити се достапни без трошоци за одобрување, но и без трошоци за проценка за сите апликации кои ќе бидат примени во промотивниот период, а за кои треба да се изврши проценка на имот.

Повеќе информации за кредитните производи на НЛБ Банка и за промотивната понуда се достапни на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или на Контакт центарот на телефон: 02/15 600

Слични содржини