За првпат во последните неколку месеци, колку што трае кризата на украинската граница, рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за намерите на Русија, но и за потезите на Западот. Ова се петте клучни работи што Путин ги подвлече во своето обраќање.
Западот ја намамува Русија во војна
Путин не зборуваше јавно за украинската криза од 23 декември, додека руските и западните дипломати имаа неколку рунди разговори со цел да се ублажи кризата.
Според рускиот претседател, лидерите на западните земји се обидуваат да ја намамат Русија во војна преку Украина и на тој начин да ја ослабат нејзината воена и економска позиција.
САД ги игнорираат барањата на Русија
Главното барање што Русија го испрати до лидерите на Америка и НАТО се однесува на гаранциите дека Украина нема да стане членка на Алијансата, како и дека Алијансата ќе престане да распоредува оружје во близина на границите на Русија и ќе ги повлече силите од Источна Европа.
Како што истакна, НАТО категорично ги отфрли овие барања и ќе продолжи да работи на приемот на Украина во наредниот период.
Покрај барањата испратени од Русија, Путин вели дека постои голема загриженост за безбедноста на граѓаните на сите источни земји. Според рускиот претседател, постапките на Западот не им прават услуга на граѓаните на Украина, кои сега речиси секој ден стравуваат дека ќе има војна која ќе ги уништи. Притоа, Русите не се задоволни што постојано се споменуваат во контекст на агресори кои сакаат да го освојат светот.
Западот нема намера да и помогне на Украина, туку само да ја искористи како инструмент за да ја постигне својата цел, а тоа е да ја загрози позицијата на Русија.
САД зборуваат за можни санкции против Русија, рече Путин, а Украина стапува на сцената како помошен елемент за спроведување на тие санкции.
Дипломатијата има шанса
Иако првичните барања беа одбиени, а Западот во моментов се прегрупира, Путин вели дека Русија ќе остави простор за нови преговори и евентуален договор.
Тој изрази надеж дека дијалогот со Украина ќе продолжи и посочи дека е неопходно да се најде начин да се заштити безбедноста на сите. Тој додаде дека францускиот претседател Емануел Макрон би можел наскоро да ја посети Москва како дел од обновените дипломатски напори.