336
Министерот за надворешни работи, Љупчо Николовски денеска разговарал заедно со откупните претпријатија и здруженијата на тутунопроизводителите, на два месеца до завршувањето на законскиот рок на договорното производство за откуп.
-Досега се откупени околу 74 отсто или 16.500 тони тутун. Продолжуваме да го вреднуваме трудот на тутунарите, да создаваме поволна бизнис клима за откупните претпријатија, и да сме целосно посветени кон тутунопроизводството како една од најзначајните гранки за македонското земјоделство, истакна Николовски.