Прва на Балканот: Црна Гора доби пристап до важниот фонд на НАТО

од Nikola Popovski
254 прегледи

Министерството за финансии на Црна Гора започна важен проект во кој Црна Гора како прва балканска земја влезе во Фондот за иновации на НАТО, изјави црногорскиот министер за финансии Милојко Спајиќ по седницата на Владата.

„Црна Гора е единствената од Балканот на која и е овозможено да се приклучи на тој Фонд, така што црногорските стартапи ќе имаат шанса да добијат инвестиции и ментори од Брисел, од НАТО. Следната седница на тој Фонд е на 10 февруари, па брзо се подготвуваме за ваков потег. Тоа ќе биде голем чекор напред за Црна Гора и фактот што ниту една друга земја од Балканот не успеа да ги исполни условите за пристапување“, рече Спајиќ, пренесува РТЦГ.

Тој додаде дека Владата работи целосно релаксирано и со полна брзина, како ништо да нема да се случи, се додека ја имаат довербата од парламентот и покрај политичката криза и барањето за недоверба.

Фондот за иновации на НАТО е формиран во октомври минатата година, кога договорот за негов развој, во присуство на генералниот секретар Јенс Столтенберг, го потпишаа 17 земји на НАТО (Белгија, Чешка, Естонија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија. , Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија и Обединетото Кралство).

Како што тогаш беше најавено, Фондот ќе овозможи инвестиции од една милијарда евра во технологии со двојна употреба.

Слични содржини