Столтенберг: Размислуваме за распоредување дополнителни групи во југоисточниот дел на Алијансата

од Nikola Popovski
233 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтеберг денеска изјави дека се размислува за распоредување на дополнителни борбени групи во југоисточниот дел на алијансата.

На конференцијата по средбата со северномакедонскиот премиер Димитар Ковачевски, Столтенберг рече дека „стабилноста на Западен Балкан е од големо значење за НАТО“.

„Ги поздравувам напорите на Северна Македонија за унапредување на безбедноста, стабилноста и напредокот во регионот. Ова го вклучува и вашиот придонес во мировната мисија на НАТО во Косово. Откако Северна Македонија влезе во НАТО, Алијансата ја гарантира вашата безбедност“, рече тој, наведувајќи го како пример дека Грција го чува северното македонско небо како дел од мисијата „air policing“.

„Тоа е солидарност на НАТО на дело“, рече тој.

Слични содржини