Две третини од вооружените сили на Украина во моментов се концентрирани во Донбас, изјави заменик-началникот на Народната милиција на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), Едуард Басурин.
„Веројатно повеќе од 120.000 војници. Во моментов се движат уште три бригади, се подготвува четвртата која е уште 20-25.000. Тоа ќе биде вкупно околу 150.000. И не сметајќи ги националистите кои исто така доаѓаат овде. Тоа се две третини од вооружените сили на Украина, кои се концентрирани на мал дел од фронтот“, изјави Басурин за телевизијата „Русија 1“.
Претходно ДНР соопшти дека поради подготовка на офанзивата, украинските власти го ограничиле излезот на работоспособните граѓани од земјата. Во исто време Киев тврди дека не планира да нападне никого.