ВМРО-ДПМНЕ утре ќе предложи декларација за Гоце Делчев во Собранието

од Nikola Popovski
174 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва информира дека неговата партија ќе предложи декларација за револуционерот Гоце Делчев.

-Утре изутрина во 9:30 часот ќе предводам партиска делегација и ќе положиме цвеќе на гробот. Во текот на денот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на Парламентот, декларација со која што јасно ќе ги зацртаме нашите позиции по прашањето на Гоце Делчев, најави Мицкоски.

На прашањето доколку би бил премиер, дали заедно со Кирил Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, Мицкоски потенцира дека тоа би се случило само ако бугарскиот премиер се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

-Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара од Бугарија да направи гест на добро дело, со тоа што „или ќе ја тргне фуснотата или ќе имплементира една од пресудите на Европскиот суд за човекови права за здруженијата на Македонци во Бугарија“.

Слични содржини