Oтриена многу заразна варијанта на ХИВ

од Milan1
455 прегледи

Научниците од Оксфорд соопштија за откритието на многу заразната варијанта на ХИВ, која со децении се крие во Холандија и која предизвикува побрзо влошување на имунолошкиот систем.

Анализата на научниците од универзитетот, објавена вчера во списанието „Наука“, покажа дека пациентите заразени со „ВБ варијантата“ имале 3,5 до 5,5 пати повисоки нивоа на вирус во крвта од луѓето инфицирани со другите варијанти, како и брзо влошување на имунолошкиот систем.

Научниците, меѓутоа, сметаат дека нема причина за загриженост бидејќи денеска постојат ефективни современи лекови.

Студијата покажала дека, по започнувањето на лекувањето, луѓето со варијантата „ВБ“ имале слично закрепнување на имунолошкиот систем и преживување како и луѓето со други варијанти на ХИВ.

Според нив, варијантата најверојатно се појавила во доцните 1980-ти и раните 1990-ти во Холандија и дека потоа, околу 2010 година, почнала да се повлекува. Тие исто така истакнуваат дека раното откривање на инфекцијата и лекувањето се клучни.

Нашите наоди ја нагласуваат важноста на препораката на Светската здравствена организација дека лицата изложени на ризик од ХИВ инфекција имаат пристап до редовно тестирање за да се овозможи рана дијагноза, проследено со итен третман, изјави коавторот на студијата Кристофер Фрејзер од Оксфорд.

Истражувањето, исто така, ја потврди теоријата дека вирусите можат да еволуираат и да станат повирулентни, што е широко распространета хипотеза за која не е пронајдена многу потврда во реалниот свет. Делта сојот на коронавирусот е еден таков неодамнешен пример.

Слични содржини