Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска вчера информира дека првиот зелен мега парк предвиден со програмата на градот ќе се отпочне како проект во општина Ѓорче Петров.
Мега паркот ќе се протега на просторот каде постоеше долгодишната дива депонија.
„Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје. Тој е на потег каде постоеше огромна дива депонија од над 10 илјади м2 која што беше истакнувана како проблем на жителите од градот долги години. Заедно во соработка со градоначалникот на општина Ѓорче Петров успеавме да ја исчистиме, а сега сме во процес, за на тој потег да има еден навистина прекрасен голем мега парк со дополнителни содржини нешто по урнекот сега што го гледаме во градскиот парк. Ќе биде место кое ќе биде, центарот на движење со содржини за релаксација на граѓаните од тој дел на градот“, истакна Арсовска во емисијата „Заспиј ако можеш“.