Направена копија на антивирусна вакцина Модерна

од Берта Китинска
372 прегледи

Научници од Јужна Африка направија копија на антивирусна вакцина Модерна, со потег за кој велат дека ќе помогне да се зголеми стапката на вакцинација во таа земја.

Модерна претходно изјави дека нема да ги патентира своите вакцини, што ќе им овозможи на научниците од Кејптаун да направат своја верзија на вакцината.

Африканскиот континент моментално има најниска стапка на вакцинација во светот.

Компанијата која стои зад оваа вакцина – Африген Бајолоџикс – наведува дека се надева дека ќе започне со клинички тестови во ноември, објави Би-Би-Си.

Слични содржини