Првите американски војници за зајакнување на источното крило на НАТО пристигнаа во Германија.
Станува збор за 2.000 војници, откако претходно Пентагон одлучи да го зголеми американското присуство во регионот.
Причината е акумулацијата на над 100.000 руски војници и воена опрема на границата со Украина. Во Европа се очекува да пристигнат уште 1.000 американски војници.
Контингентот ќе биде распределен во Полска и Романија. Москва ги нарече акциите на Вашингтон деструктивни. И на аеродромот во Киев вечерва пристигна уште една пратка американска воена помош за Украина.