Вучиќ се сретна со Џинпинг, разговарале за меѓусебна трговија и воено-техничката соработа

од Берта Китинска
222 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во тридневна посета на Кина на отворањето на Зимските олимпски игри, денеска се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

„Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области“, објави Вучиќ на „Инстаграм“.

Разговарале за стратешки работи, меѓусебната поддршка во зачувувањето на територијалниот интегиртет во меѓународните институции и организации што, според Вучиќ, е многу важно поради Косово.

Освен тоа разговарале и за договорот за меѓусебна трговија, воено-техничката соработа, инфраструктурните проекти.

Слични содржини