Во интервју со познатиот руски новинар и автор на ТВ емисии Владимир Соловјов, Лукашенко рече дека „секогаш ќе биде тука“ доколку избие војна или настани слични на оние што ја потресоа Белорусија во 2020 година, пренесува Тас.
„Верувајте ми, јас не сум претседател затоа што навистина сакам да бидам претседател. Господ не ви дозволи да се најдете во ситуација да зависите од толку многу околности“, рече Лукашенко.
Ако ситуацијата во Белорусија се нормализира, земјата ќе одлучи за наследникот на претседателот, а ако се биде во ред, таква личност ќе се појави, рече Лукашенко.
Претседателските избори се одржаа во Белорусија на 9 август 2020 година, на кои, според Централната изборна комисија, победи актуелниот претседател Александар Лукашенко, пред кандидатот на опозицијата Светлана Тихановска.
Таа одби да ги признае изборните резултати и ја напушти земјата, по што следеа протести во Минск и неколку други градови, што предизвика жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.