Русија би можела да ја нападне Украина во рок од неколку дена или недели, но сепак би можела да сe одлучи за решение по дипломатски пат, изјави денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.

Евентуалната руска акција би можела да вклучи анексија на украинскиот регион Донбас, сајбер напади или целосна инвазија на Украина, изјави тој за програмата на ABC News „ABC“ оваа недела, објави Ројтерс.

Саливан истакна дека руската воена акција против Украина може да следи уште утре и може да трае неколку недели.

Слични содржини